
Добредојдовте
Хотелот "Црешово Топче" е компанија основана 1995 година, како приватен бизнис на семејството на Цветан Гаврилов - ЦРЕШО од Пробиштип.
Современиот и модерен хотел "Црешово Топче", кој се наоѓа во строгиот центар на градот Пробиштип, вцсушност е целосно реконструираниот и реновиран некогашен единствен хотел во Пробиштип "Македонија", кој бил изграден уште во 1950 година.
Новиот хотел “Црешово Топче”, кој според последната официјална категоризација со четири звезди, бидејќи располага со сите најопходни сегменти кои се составен дел на најсовремените угостителски објекти од овој ранг.
Во ресторанскиот дел хотелот “Црешово Топче” располага со голема сала за 300 гости, со можност за трансформација преку сепарирање и “конференциска” сала со капацитет од 100 места за одржување на семинари и симпозиуми. Хотелот располага и со посебна банкет-сала за 40 гости, Cherry Bar со 250 места и модерен Rooftop за 70 гости.
Во хотелската кујна, врвни готвачи-мајстори подготвуваат богат и разновиден асортиман на јадења, од традиционалните македонски до најсовремени јадења карактеристични за балканската, европската и светската кујна.
Во сместувачките капацитети (вкупно до 75 лица) на гостите на располагање им се вкупно 38 соби (во 30 двокреветни и 8 трокреветни соби) и во еден посебен “Претседателски” апартман со посебен влез/излез, со вкупна површина од 120 метри квадратни.
Покрај пријатниот престој во хотелот, неговите гости во своето слободно време имаат можност да ја посетат и единствената минералошка збирка, составен дел од минералошко-етнолошкиот музеј на градот Пробиштип, кој се наоѓа во непосредна близина на хотелот “Црешово Топче”, како и посета на градскиот парк, игралиштето за тенис, спомен паркот во Пробиштип, рудниот за олово и цинк во Добрево. Посебна атракција претставува и посетата на првиот Аквапарк во Македонија – “Аквапарк Пробиштип”.
Хотелот “Црешово Топче” покрај градот Пробиштип, за своите гости нуди и посети на прочуениот Лесновски манастир и неговата околина, прошетка низ живописната долина на Злетовска Река со посета на рибникот “Злетовица”, обновениот манастирски комплекс
“Св. Спиридон Чудотворец”, како и акумулацијата “Кнежево”, дел од регионалниот хидросистем “Злетовица”.
Во понудата на еднодневни пикник-излети се предвидени и посети на соседниот град Кратово (16 км.) со можност да се видат културно-историски споменици (кули, мостови, музеј), како и локалитетите “Цоцев камен” и “Камени кукли”.
